Користиме колачиња на нашата веб страница. Со користењето на овој сајт, се согласувате со употребата на колачиња.

Позиција

ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ

Организација

Агро - Про ДОО Куманово

Индустрија

Прехранбена

Опис на работната позиција

Друштвото Агро-Про Д.О.О. Куманово има потреба од:

ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ

Работни задачи и одговорности:

Прием на сметководствени документи за книжење влезно–излезна документација;
• Дневна контрола на книжењето на трансакциите;
• Подготвување на извештаи и поднесоци до Институциите;
• Подготовка и поднесување на ДДВ Пријави;
• Пресметка на плати, исплатни листи, составување МПИН, пресметување надоместоци и трошоци од работен однос,
• Комплетно водење на материјално и финансиско книговодство;
• Евидентирање и контрола на побарувања, уплати и наплата;
• Комуницирање и контактирање со правни лица – банки, институции;
• Подготовка и потпишување на завршна сметка;
• Подготовка на финансиски извештаи .

Потребни квалификации:

ВСС од економски науки;
Над 2 години работно искуство во Сметководство;
Лиценца од ИСОС за Овластен Сметководител ;
Познавање на Microsoft Office апликации, напредни знаења ќе се сметаат за предност;
Познавање на англиски јазик.


Личен профил:

Одлични комуникациски вештини и способност за работа во тим;
Одговорност во извршување на задачите и проактивен пристап кон работата;
Одговорна и лојална личност со позитивен став;
Високо развиени аналитички и комуникациски способности;
Упорност и насоченост кон остварување на резултати;
Самоиницијативност при извршување на работните задачи.

Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја Вашата кратка биографија „CV“ со известување за „Овластен сметководител“ на tamara@agropro.mk


 Агро-Про Д.О.О. е работодавач кој нуди еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.

Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Потребни квалификации


                        

Контакт информации

Емаил

tamara@agropro.mk

Телефон

078/444-395

Објавен на: 01/05/2024

Краен рок за пријавување: 31/05/2024